Испитот telc Deutsch C2 ги оценува јазични вештини на кандидатите на највисоко јазично ниво преку читање на академски комплексни текстови, користење најсложени јазични структури и нијанси, слушање на брз говор од родени говорители, и писмено и усно спонтано, флуентно и прецизно изразување. Стекнувањето на сертификатот telc C2 служи како официјален доказ за најнапредно владеење на јазикот близу до нивото на мајчин јазик, кој е првенствено потребен за напредни академски истражувања, добивање извршни позиции во врвниот менаџмент, како и за стекнување на државни лиценци за професори и предавачи во образовните институции во земјите каде се говори германски.
Каде е признаен?
Германија, Австрија, Швајцарија, Европа
За што е потребен?
Доказ за ниво Ц2, академски истражувања, добивање извршни позиции во врвниот менаџмент, како и за стекнување на државни лиценци за професори и предавачи во образовните институции во земјите каде се говори германски.

Сакате да дознаете повеќе од официјалната страна на telc Deutsch C2?
Кликнете овде.
Овој дел содржи разновидни исклучително комплексни и долги текстови кои симулираат реални ситуации од највисоката академска и професионална сфера, како што се филозофски есеи, специјализирани стручни трудови, детални книжевни критики или опширни општествено-политички анализи. По текстовите следат три дела со вежби кои бараат препознавање на суптилни и имплицитни значења, иронија и нијанси. Вежбите вклучуваат прашања со повеќе одговори, пронаоѓање и селектирање специфични информации, како и вметнување на извадени реченици на точните места.
Овој комбиниран дел содржи подолги аудио-записи со најбрзо и природно темпо на зборување од родени говорители како што се автентични радио-дебати, предавања и стручни панели. Аудио-записите се слушаат еднаш. Наместо едноставно заокружување, овој дел бара напредно фаќање белешки и писмена обработка на слушнатото. Вежбите вклучуваат одредување на точни/неточни тврдења и ставовите на говорителите, како и писмено одговарање на прашања и сумирање на главните аргументи користејќи сопствени зборови.
Овој дел го тестира најнапредното писмено изразување. Кандидатите добиваат две комплексни теми кои најчесто вклучуваат пишување на официјален извештај, рецензија или есеј на зададена апстрактна тема со претходно дадени пократки текстови или статистички податоци. Кандидатот избира една тема и треба да напише добро структуриран, стилски и реторички богат текст во кој ќе ги синтетизира информациите, ќе даде сопствени аргументи употребувајќи струкктури и вокабулар на највисоко академско ниво.
Во делот Зборување, кандидатите најчесто се оценуваат индивидуално пред комисија од двајца испитувачи. Пред почетокот на испитот, кандидатот има 20 минути време за подготовка за да ја анализира задачата и да направи куси белешки. Усниот испит се состои од два главни дела: официјална презентација/излагање на комплексна тема каде кандидатот треба течно и аргументирано да изложи став во времетраење од околу 5 минути, по што следи дискусија со испитувачите и деловен разговор/преговори каде што кандидатот треба да покаже дипломатски вештини, да брани одреден став и да најде компромис во специфична професионална ситуација.
Флексибилна подготовка онлајн и во живо.
Вкупно времетраење 4 часа и 5 минути
Каде е признаен? Германија, Австрија, Швајцарија, Европа
Брзи резултати добиваш сертификат за .