LinguaLink

Следете не на:

telc Deutsch B2

Испитот telc Deutsch B2 ги оценува јазичните вештини на кандидатите за читање со разбирање, практична примена на граматика и вокабулар, слушање со разбирање, писмено изразување и усна интеракција. Стекнувањето на сертификатот telc B2 служи како официјален доказ за самостојно владеење на јазикот, кој е потребен за добивање поднесување барање за постојан престој, квалификувана работа, како и за исполнување специфични барања за виза.

Каде е признаен?

Германија, Австрија, Швајцарија, Европа

За што е потребен?

Добивање постојан престој (Niederlassungserlaubnis), добивање квалификувана работа и барање специфични визи.

Пријави се

СТРУКТУРА НА ИСПИТОТ

Сакате да дознаете повеќе од официјалната страна на telc Deutsch B2? Кликнете овде.

Читање и Јазични елементи

90 минути

Овој дел содржи разновидни подолги тексови кои симулираат реални ситуации од секојдневниот и професионалниот живот., како што се гласи, каталози, , реклами или кратки понуди од различни компании, новинарски текст, репортажа, статија или извештај. По ова следат вежби со повеќе понудени одговори, пронаоѓање информации како и поврзување на наслов со текст кој му одговара. Делот јазични елементи го тестира познавањето на лексиката и граматиката на јазикот на ниво Б2 според ЗЗЕРРЈ.

Слушање

30 минути

Слушањето се состои од три дела со чија помош се проверува способноста на кандидатот да разбере различни типови аудио-записи (дискусии, радио-емисии, интервјуа и секојдневни разговори) со природно темпо на зборување. Некои аудио записи се слушаат само еднаш, а некои двапати по кои следат различни видови вежби како што се одговарање на прашања со точно/неточно, прашања или недовршени реченици за кои треба да се одбере точниот одговор помеѓу три понудени опции: А, B или C.

Пишување

30 минути

Овој дел го тестира писменото изразување во секојдневни ситуации или професионална средина. Kандидатите избираат една од две понудени теми (на пр. формални писмо/поплака или официјално барање на информации) и пишуваат текст од околу 150 зборови следејќи ги четирите задолжителни насоки.

Устен дел

15 минути

На делот Зборување, кандидатите се оценуваат во парови. Пред почетокот на испитот, кандидатите имаат 20 минути време за подготовка, каде што можат да ги прочитаат задачите и да си направат кратки белешки . Усбиот дел се состои од три дела:презентација/излагање, дискусија и заедничко планирање.

Флексибилна подготовка онлајн и во живо.

Вкупно времетраење 2 часа и 45 минути

Каде е признаен? Германија, Австрија, Швајцарија, Европа

Брзи резултати добиваш сертификат за 2 недели /weeks.