Испитот telc Deutsch C1/ telc Deutsch C1 Hochschule ги оценува напредните јазични вештини на кандидатите за читање со разбирање, практична примена на комплексна граматика и богат вокабулар во делот јазични елементи, слушање со разбирање на подолг стручен говор, напредно писмено изразување и усна интеракција преку аргументирана дебата. Стекнувањето на сертификатот telc C1 служи како официјален доказ за компетентно и самостојно владеење на јазикот, кој е првенствено потребен за упис на факултети и универзитети во германското говорно подрачје, за добивање висококвалификувана работа во менаџментот или јавниот сектор, како и за нострификација и признавање на дипломи на лекари и други медицински специјалисти.
Каде е признаен?
Германија, Австрија, Швајцарија, Европа
За што е потребен?
Упис на факултети и универзитети, добивање висококвалификувана работа, како и за нострификација и признавање на дипломи на лекари и други медицински специјалисти.

Сакате да дознаете повеќе од официјалната страна на telc Deutsch C1/ telc Deutsch C1 Hochschule ?
Кликнете овде.
Овој дел содржи разновидни комплексни и подолги текстови кои симулираат реални ситуации од академскиот, општествениот и професионалниот живот, како што се научни статии, стручни извештаи, деловни анализи, коментари и репортажи од печат. По текстовите следат вежби како што се прашања со повеќе дадени одговори, пронаоѓање и селектирање на специфични информации, како и поврзување на соодветни тези или наслови со соодветните текстови. Делот Јазични елементи содржи комплексен текст со празни места кој детално го тестира познавањето на вокабуларот, академскиот израз и напредната граматика на ниво C1 според ЗЕРРЈ.
Слушањето се состои од три дела со чија помош се проверува способноста на кандидатот да разбере подолг и комплексен устен говор (како што се универзитетски предавања, дебати, интервјуа со експерти и стручни дискусии) со природно и брзо темпо на зборување. Сите аудио-записи се слушаат само по еднаш. По нив следат вежби, како што се наоѓање клучни информации, прашања со повеќе дадени одговори, како и одредување на точни/неточни тврдења според ставовите на соговорниците.
Овој дел го тестира напредното писмено изразување во академска или професионална средина. Кандидатите добиваат две теми (најчесто анализа на општествен феномен, коментар на цитат или дискусија на контрадикторни ставови) од кои избираат една. Кандидатите треба да напишат добро структуриран, кохерентен и аргументиран есеј/текст од најмалку 350 зборови, следејќи ги четирите задолжителни насоки и користејќи богат академски речник.
Во делот Зборување, кандидатите се оценуваат во парови. Пред почетокот на испитот, кандидатите имаат 20 минути време за подготовка, каде што можат детално да ги прочитаат задачите и да направат белешки. Усниот дел се состои од два главни дела: презентација/излагање на комплексна тема (во времетраење од околу 3 минути по кандидат, по што партнерот и испитувачите поставуваат прашања) и дискусија/дебата каде што кандидатите разменуваат аргументи, контрааргументи и бранат одредени ставови.
Флексибилна подготовка онлајн и во живо.
Вкупно времетраење 3 часа и 35 минути
Каде е признаен? Германија, Австрија, Швајцарија, Европа
Брзи резултати добиваш сертификат за 2 недели/weeks.