LinguaLink

Следете не на:

telc De B1

Испитот telc B1 ги оценува јазичните вештини на кандидатите за читање со разбирање, практична примена на граматика и вокабулар, слушање со разбирање, писмено изразување и усна интеракција. Стекнувањето на сертификатот telc B1 служи како официјален доказ за самостојно владеење на јазикот, кој е потребен за добивање германско државјанство преку натурализација, поднесување барање за дозвола за постојан престој, квалификување за стручна обука (Ausbildung), како и за исполнување специфични барања за вработување или виза.

Каде е признаен?

Германија, Австрија, Швајцарија, низ Европа

За што е потребен?

добивање државјанство (Einbürgerung), постојан престој (Niederlassungserlaubnis), стручна обука и вработување(Ausbildung)

Прв термин за полагање на испит:
14.11.2026

Види ги сите термини.
Пријави се

СТРУКТУРА НА ИСПИТОТ

Сакате да дознаете повеќе од официјалната страна на telc De B1? Кликнете овде.

Читање со разбирање и Јазични елементи

90 мин

Во овој дел кандидатите покажуваат глобално разбирање преку задачи на поврзување на наслови со текстови, потоа детално разбирање преку читање на подолг текст и одговарање на прашања со повеќе понудени одговори, како и селективно разбирање со поврзување на текстови со дадени ситуации. Делот јазични елементи го тестира познавањето на лексиката и граматиката на јазикот.

Слушање

30 мин

Овој дел го тестира разбирањето на секојдневниот говорен јазик. Кандидатите одговараат на 20 прашања со точно/неточно, при што се проверува глобалното разбирање преку 5 кратки радио снимки кои се слушаат само еднаш, деталното разбирање преку подолго интервју кое се слуша двапати, како и селективното разбирање преку 5 секојдневни соопштенија кои исто така се слушаат двапати.

Пишување

30мин

Овој дел го тестира писменото изразување во секојдневни ситуации. Kандидатите избираат една од две понудени теми (на пр. одговор на приватна или полуформална порака/е-пошта) и пишуваат поврзан текст во кој мора да опфатат четири зададени точки.

Зборување

15min

Овој дел го тестира усното изразување и комуникацијата во секојдневни ситуации. Испитот се полага во парови и се состои од три дела: меѓусебно запознавање (претставување), разговор на одредена тема/искуство и заедничко планирање на настан или активност со партнерот.

Флексибилна подготовка онлајн и во живо.

Вкупно времетраење 2 часа и 45 минути

Каде е признаен? Германија, Австрија, Швајцарија, низ Европа

Брзи резултати добиваш сертификат за 2 недели/weeks .

ДАТУМИ НА ПОЛАГАЊЕ

Селектирај датум на полагање

Постојат два формати за полагање на telc De B1, дигитален и класичен. Кликни на датата за да дознаеш повеќе детали.

Не
Пон
Втр
Сре
Чет
Пет
Саб

Сите претстојни датуми

Одбери од достапните термини

telc De B1

14.11.2026
Рок за пријавување: 14.10.2026 – 28.10.2026

telc De B1

12.12.2026
Рок за пријавување: 02.11.2026 – 25.11.2026

telc De B1

30.01.2027
Рок за пријавување: 15.12.2026 – 14.01.2027

telc De B1

20.02.2027
Рок за пријавување: 15.01.2027 – 01.02.2027

telc De B1

13.03.2027
Рок за пријавување: 01.02.2027 – 22.02.2027

telc De B1

10.04.2027
Рок за пријавување: 01.03.2027 – 20.03.2027

telc De B1

08.05.2027
Рок за пријавување: 12.04.2027 – 22.04.2027

telc De B1

05.06.2027
Рок за пријавување: 10.05.2027 – 20.05.2027

telc De B1

26.06.2027
Рок за пријавување: 25.05.2027 – 03.06.2027