LinguaLink

Следете не на:

LinguaLink
Добредојдовте на ЛингваЛинк

ТВОЈА ВРСКА
СО СВЕТОТ

Повеќе од училница – ЛингваЛинк е заедница која те води од првите зборови до самоуверена комуникација.

Административно работно време

Понеделник - четврток од 14.00 до 21.00 часот

Жиро сметка: 300000001485688, Комерцијална Банка

Одбери курс

English
Англиски јазик
Macedonian
Македонски јазик за странци
German
Германски јазик

Сакаш ние да ти препорачаме курс
кој најмногу ќе ти одговара?

telc TestDaF TestAS onSET telc TestDaF TestAS onSET telc TestDaF TestAS onSET telc TestDaF TestAS onSET

Одбери испит

Други услуги

ПОТВРДА ЗА АКТИВНО И ПАСИВНО ПОЗНАВАЊЕ НА ЈАЗИК

Потврдите за активно или пасивно познавање на јазик може да послужат за вработување, запишување на постдипломски студии, учество на семинари и сл. Тестирањето се закажува во ЛингваЛинк и по положениот тест, потврдата се издава на македонски јазик. На барање на кандидатот, потврда може да се издаде и на странскиот јазик на кој се полага.

ПОТВРДА ЗА НИВО СПОРЕД CEFRL

ЛингваЛинк издава потврди за јазично ниво според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFRL) — од А1 до С2. Оваа потврда е објективен доказ за степенот на познавање на јазикот и е често потребна при аплицирање за работа во странство, визи, студии или меѓународни програми. Тестирањето опфаќа слушање, читање, пишување и зборување, со детална проценка на секоја вештина.

ТЕСТИРАЊА ЗА ПОТРЕБИ НА ИНСТИТУЦИИ

Нудиме прилагодени тестирања според потребите на компании, образовни установи и организации. Тестовите можат да бидат групни или индивидуални, на различни јазици, и се дизајнирани според специфичните цели на институцијата — вработување, интерна евалуација или професионален развој. Резултатите се презентираат во форма на извештај со детална проценка на секоја јазична вештина.

ПРОБНИ ТЕСТОВИ ПО АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Подготви се за полагање на меѓународни испити преку нашите пробни тестови. Тестовите се базирани на форматите на испитите на Кембриџ, TOEFL, telc, TestDaF, и други меѓународни стандардизирани испити. Со нив ќе можеш да го процениш своето моментално ниво, да се запознаеш со форматот на испитот и типичните задачи и да научиш стратегии за подобро управување со времето. По тестирањето, добиваш детална повратна информација и индивидуализирани препораки од професор со долгогодишно искуство со испитите.

ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ПРОСТОРИИ

ЛингваЛинк располага со современо опремени училници и компјутерски лаборатории кои можат да се изнајмуваат за спроведување на испити, семинари, работилници или деловни состаноци. Просториите се климатизирани, имаат стабилна интернет конекција, опремени се со проектори и бели табли и со можност да примат различен број учесници. Нашиот персонал обезбедува логистичка поддршка, техничка асистенција и прилагодување на распоредот според потребите на клиентот.

НАШАТА РАБОТА
ЗБОРУВА ЗА НАС

Class

Модерно јазично училиште – со фокус на практична комуникација и реални ситуации.

Гаранција за квалитет – ЛингваЛинк го гарантира квалитетот во јазичното подучување преку висококвалитетни наставни и образовни стандарди

Флексибилни формати на настава – индивидуални, групни и онлајн часови според твоите потреби.

СЛУШНЕТЕ ПОВЕЌЕ
ОД НАШИТЕ КЛИЕНТИ

Прочитај ги искуствата оставени од нашите верни клиенти.

Martina Gogova

Студент

„Многу ми помогнаа да го совладам германскиот јазик.“

★ ★ ★ ★ ★

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Имаме одговори на најчестите прашања за да ти го олесниме изборот и уписот во курсевите.