По повод 10 години на нашето училиште, Лингвалинк додели две стипендии за изучување на германски јазик. Добитници на овие стипендии за учебната 2012/2013 година се Ирина Дуковска и Илина Димитровска кои ќе го изучуваат германскиот јазик на Б2 ниво.
Во соработка со Гете-Институтот, а во чест на Олга Тројачанец, на Андреј Георгиевски му беше доделена стипендија од Гете-Институт која вклучува двонеделен престој во Германија.