Овој курс е наменет за слушатели кои имаат средно ниво на познавање на англискиот јазик (ниво Б1 според Заедничката европска рамка за јазици), а на кои им е потребно да ја подобрат својата умешност во комуникацијата.
Содржините кои се опфатени во овој курс ќе им помогнат на слушателите да започнат, водат и завршат разговори во формални и неформални ситуации. Курсот се состои од следниве комуникативни теми:
- Како да се отпочне и заврши разговор
- Невербална комуникација
- Размена на информации
- Интеракција помеѓу соговорници
- Стретегии на конверзација
- Презентација
- Изразување на сочувство и изразување на чувства
Можат да бидат опфатени и дополнителни теми според потребите на слушателите.