ЛИНГВАЛИНК ТРЕНИНИГ ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ
ЛингваЛинк нуди обуки за развој на деловните комуникациски вештини кои се наменети за сите оние кои кои знаат дека деловната комуникација е клучен фактор за секој бизнис, а вештото и компетентно изразување и говорење, пишување и односот со јавноста оддава слика на сериозен и обучен партнер во деловниот свет.
ЛингваЛинк нуди три обуки:
Обуките се нудат на македонски, германски и англиски јазик и се одржуваат во просториите на ЛингваЛинк со одреден датум, време и динамика. Просториите на ЛингваЛинк се комфорни и пријатни обезбедени со најсовремена техника. По барање, ЛингваЛинк нуди можност и за обука во Вашите простории во термини и период кој Вам Ви одговара.
Обуките можат да се земат самостојно (само една обука), во пар (на пр. Изразување и говор и Презентирање) или пак како една целина (трите обуки заедно).
Материјалите се внимателно одбрани и ќе Ви бидат дадени на почеток на секоја обука заедно со програмата.
Обуките се одвиваат во саботите или неделите од 9:30 до 15:45 со пауза за кафе (15 минути) и пауза за ручек (60 минути). Кафето и ручекот се обезбедени.
Обуките ги држат висококвалификувани обучувачи кои се магистри во областа на комуникациите и лингвистика.
По завршување на обуката, секој учесник добива сертификат за учество.